Зарегистрироваться
Восстановить пароль
FAQ по входу

Јашар-Настева Оливера. Турски елементи во јазикот и стилот на македонската народна поезија

  • Файл формата djvu
  • размером 733,52 КБ
  • Добавлен пользователем
  • Описание отредактировано
Јашар-Настева Оливера. Турски елементи во јазикот и стилот на македонската народна поезија
Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 1987. — 112 с.
Работејќи веќе подолго време врз ексцерпцијата и обработката на лексичкиот материјал за Речникот на тукрцизмите во македонскиот јазик, се наложи идејата за посебна анализа на турцизмите во јазикот и стилот на македонскаа народна поезија. По своето значење од оваа сложена проблематика се изделува секако прашањето за употребата, улогата и местото на турцизмите во развојот и богатењето на народниот поетски јазик. Целта на нашиов прилог не е да ги опфати сите турцизми што се среќаваат во македонската народна песна, ниту сите јазични и стилски феномени, туку да укаже на специфичностите во нивната употреба во јазикот и стилот на македонската народна поезија. Истовремено би сакале да го привлечеме вниманието и укажеме на значењето на натамошни изучувања на македонската народа поезија во контакт со албанската, ароманската, грчката и турската народна песна. Нашата цел и задача е натаму: а) да се објаснат причините, патиштата и начините на инфилтрацијата и дистрибуцијата на турцизмите во јазикот на македонската народна песна; б) да се интерпретираат одделните процеси во текот на нивната комплетна адаптација и интеграција и в) да се согледаат конкретните резултати на пенетрацијата и користењето на турцизмите. Централно место, меѓутоа, во нашата анализа, која се базира врз материјал ексцерпиран од народните песни што потекнуваат од различни краишта на Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија, го зазема задачата да се укаже на: а) функционирањето на турцизмите во јазикот и стилот на македонската народна поезија и б) улогата на турцизмите во богатењето како на поетската лексика така и на стилските средства на јазичниот израз воопшто.
Предговор.
Проучувањето на јазикот на македонската народна поезија во јужнословенскиот и балканскиот контекст.
Контактите на македонската народна поезија со поезијата на соседното несловенско население на ниво на поетскиот јазик — интерференција и адаптација на позајмените елементи.
Експресивните и импресивните вредности на турцизмите и нивната улога во богатењето на поетската синонимија.
Местото на турцизмите во македонската народна песна и улогата на чалгаџиите и ашиците во нивното распространување.
Дистрибуцијата и функцијата на турцизмите во македонската народна поезија.
Турцизмите во ономастичката лексика на македонската народна поезија.
Местото на турските стихови, запеви, интерполации и рефрени во композицијата на македонската народна песна.
Заклучок.
Скратенки на користените збирки на народни песни и на друга литература.
Summary.
Индекси: Општи имиња. Лични имиња и прекари. Географски имиња. Рефрени и стихови.
  • Чтобы скачать этот файл зарегистрируйтесь и/или войдите на сайт используя форму сверху.
  • Регистрация